Bekim Laci,Alban Agushı
29 Декември 2015•Ажурирај: 30 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Бројот на убиените новинари во текот на 2015-та година е зголемен за 110, пишува во извештајот на организацијата "Репортери без граници" (РСФ), во кој се вели дека 67 новинари се убиени при известување, додека за другите 43 смтрни случаи причините се нпознати, јавува Anadolu Agency (AA).
Бројот на овие смртни случаи, на убиени новинари од 2005-та година наваму изнесува 787. Се работи за смртни случаи кои се директно поврзани со нивната работа. Во меѓувреме реагираше и Комитетот за заштита на новинарите (CPJ), со седиште во Њујорк. Како одговор се наведува дека 29 од овие новинари беа масакрирани од страна на терористичките организации, вклучувајќи ги и Ал-Каеда и ДАЕШ.
"Оваа загрижувачка ситуација во голема мера е предмет на интерес на намерното насилство врз новинарите и доказ за неуспехот на разни иницијативи за заштита на медиумските работници", се вели во реакцијата на Репортери без граници.
Франција е една од најсмртоносните земји во Европа за новинарите,рангирана веднаш по Сирија и Ирак. Нападот во јануари во уредништвото на Шарли Ебдо доведе до промена од минатата година, бидејќи во 2015 година две третини од смртните случаи беа во државите "во мир".
"Создавањето на посебен механизам за зајакнување на меѓународните закони за заштита на новинарите е крајно неопходен", рече генералниот секретар на РСФ Кристоф Делоир.
Повеќето новинари се убиени во Ирак, 11 , во Сирија 10, во Франција 8, Јемен- 8, Јужен Судан-7, Индија- 9, Мексико-8, Филипини-7, Хондурас-7. Меѓу загинатите е и новинарот на Anadolu Agency во Сирија Салих Махмуд Лејла, кој беше убиен од возило натоварено со експлозив во регионот Хирејтан на периферијата на Алепо.
Во извештајот на "Репортери без граници", има и информации за новинарите кои се уапсени или пак се заложници. Во овие случаи Сирија е прва со 26 лица, потоа следува Кина со 23, Египет-22, Иран -18 новинари....
Од 1995 година, РСФ подготвува годишни извештаи за насилство врз новинарите базирано на прецизни податоци собрани од своите членови.