Kenan Irtak
29 Април 2019•Ажурирај: 01 Мај 2019
ИСТАНБУЛ
На 26 и на 28 април урнат е рекордот според бројот на летови на аеродромот „Истанбул“, јавува Anadolu Agency (AA).
Од отворањето на 29 октомври 2018 година наваму, постојано е во подем бројот на патници и летови од аеродромот „Истанбул“. На 26 и на 28 април остварени се по 1.221 лет во текот на денот, што се најинтензивните денови од досегашното работење на аеродромот.
Почнувајќи од 31 октомври, кога започнаа првите летови и дневно од аеродромот „Истанбул“ имаше 5 лета, на 26 април на овој аеродром се извршени 1.221 полетување и слетување. Истиот ден на внатрешните и надворешните линии аеродромот „Истанбул“ го користеа 201.031 патник. На 26 април на аеродромот „Истанбул“ слетаа 601 авион во рамките на внатрешниот и надворешниот сообраќај со 101.727 патници, додека од аеродромот полетаа 614 авиони на внатрешните и надворешните линии со 99.615 патници.
На 28 април на аеродомот „Истанбул“ слетаа 606 авиони на внатрешните и надворешните линии, носејќи во Истанбул 99.652 патници. Истиот ден од аеродромот „Истанбул“ полетаа 615 авиони на внатрешните и надворешните линии со 102.300 патници. Тоа се севкупно 1.221 полетување и слетување со 201.952 патници.
Денеска се планира на аеродромот „Истанбул“ да се спроведат 615 слетувања и 613 полетувања, вкупно 1.228 лета.