свет

Режимот на Асад ја нападна најголемата пекарница во Хан Шејхун

Режимот на Асад и странските терористички групи поддржани од Иран ја погодија најголемата фурна во областа Хан Шејхун од градот Идлиб.

Eşref Musa, Burak Karacaoğlu  | 20.02.2019 - Обновена : 21.02.2019
Режимот на Асад ја нападна најголемата пекарница во Хан Шејхун (Foto: Enes Diyab/ AA)

İdlib

ИДЛИБ (АА) - Режимот на Асад и странските терористички групи поддржани од Иран ја погодија најголемата пекарница во Хан Шејхун, која се наоѓа во „Зоната на деескалација во Идлиб“, јавува Anadolu Agency (AA).

Режимот на Асад, во нападот извршен врз областа Хан Шејхун во градот Идлиб во попладневните часови, ја погодија најголемата пекарница од трите што се наоѓаат во областа.

Сопственикот на пекарницата, Хазем Сермани, во изјавата за АА истакна дека фурната која има две производни линии и која ги задоволува потребите за леб на најмалку 10.000 семејства веќе не е во функционална состојба.

„При нападот се запалија две производни линии. Изгореа 6.000 литри мазут и 80 тони брашно. Оштетено е 70 отсто од пекарницата“, рече Сермани, наведувајќи дека дневниот производствен капацитет на пекарницата е 200.000 леба.

Режимските сили од почетокот на февруари спроведуваат артилериски напади врз Хан Шејхун и Маратинуман, најголемите области во Идлиб, каде што живеат најмалку 250.000 цивили.

Во спроведените воздушни и копнени напади на режимските сили во „Областа за намалување на тензиите во Идлиб“ од почетокот на оваа година, 68 цивили ги загубија своите животи, а повеќе од 260 беа повредени. Режимските сили, и покрај Договорот од Сочи, потпишан меѓу Турција и Русија, за прекин на огнот во Идлиб, продолжија со нападите.

На 10 октомври 2018 година, опозициските воени сили го повлекоа своето тешко оружје од регионот, како што беше предвидено со договорот потпишан на 17 септември 2018 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın