Ömer Koparan,Mehmet Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
03 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
ИДЛИБ (АА) – Седум цивили загинаа како резултат на нападите на воените авиони на режимот на Асад во деескалациската зона во Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Семејството кое мигрираше кон безбедните области бегајќи од воздушните и копнените напади на режимот на Асад, беше изложено на воздушни напади на миграциската рута.
Опсерваторијата на опозицијата за набљудување на авиони истакна дека цивилното возило кое избегало од нападите во областа Рехал западно од Алепо, било цел на авионите на режимот.
Според информациите добиени од изворите на Цивилната одбрана (Белите шлемови), животот го загубиле вкупно 7 цивили кои се наоѓале во возилото, меѓу кои се наоѓале 3 деца и 3 жени.
На состанокот во Астана од 4-5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран се договорија за четири деескалациски зони во Идлиб и во соседните провинции (Латакија, Хама и Алепо).
Но, режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија ја зазедоа контролата врз овие деескалациски зони, со исклучок на Идлиб.
Исто така, нападите продолжија извесно време и по Договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година од страна на Русија и Турција.
Русија, режимот, како и терористите поддржани од Иран кои изведуваат напади во деескалациската зона во Идлиб, само од почетокот на 2019 година досега се причина за раселувањето на околу 1 милион и 300 илјади цивили кон местата во близина на границата со Турција.
Над 1.800 цивили загинаа како резултат на бомбардирањата.