Oktaj Omeragikj
30 Ноември 2025•Ажурирај: 01 Декември 2025
СКОПЈЕ (AA) - Редок атмосферски феномен наречен ‘ореол’ е забележан во сибирскиот град Краснојарск, во Русија, каде што температурата на воздухот денес изнесувала околу минус 30 степени Целзиусови, известува Анадолу.
‘Ореолот’ е оптички феномен што се појавува како светлосен прстен околу изворот на светлина, а моментот во Краснојарск е доловен од репортерот на Агенција Анадолу.
Овој феномен најчесто се забележува околу Сонцето или Месечината, но може да се види и околу други силни извори на светлина, како што се уличните светилки.