Реакции од светот на одлуката на Израел да го окупира градот Газа
- Во реакциите се истакнува дека ваквиот план нанесува тежок удар врз меѓународниот мир и безбедност, ја зголемува регионалната нестабилност и дополнително ја продлабочува хуманитарната криза

АНКАРА (АА) - По одлуката на израелската Влада да ја прошири својата воена операција врз градот Газа, сместен во севернито дел на палестинската енклава, голем број земји реагираа кон оваа одлука на Израел, известува Анадолу.
Во реакциите се истакнува дека ваквиот план нанесува тежок удар врз меѓународниот мир и безбедност, ја зголемува регионалната нестабилност и дополнително ја продлабочува хуманитарната криза, и дека мир во регионот може да се постигне само преку воспоставување решение за две држави.
- Шведска
Шведската министерка за надворешни работи, Марија Малмер Штенергард, изјави дека одлуката на израелската Влада за понатамошно ескалирање на нападите во Газа го крши меѓународното право и додаде дека се загрижени поради одлуката, известува Анадолу.
Во разговор за шведската телевизиска станица СВТ Нихетер, Штенергард ја критикуваше одлуката на Израел за ескалација на нападите во Газа.
Нагласувајќи дека обидите за анексија, промена или намалување на територијата на Газа се спротивни на меѓународното право, Штенергард истакна:
„Многу сум загрижена за одлуката што ја донесе израелската Влада. Во време кога ни е потребен прекин на огнот, оваа одлука покажува сосема спротивна насока.“
Шефицата на шведската дипломатија Штенергард продолжи со зборовите: Според локални извори, израелската Армија се подготвува во целост да го окупира градот Газа.“
„Одлуката на израелската Влада за понатамошно ескалирање на нападите во Газа го крши меѓународното право. Загрижени сме поради одлуката.“
- Шкотска
Шкотскиот премиер Џон Свини изјави дека одлуката на израелската Влада да ја преземе контролата врз Газа е неприфатлива и ја повика меѓународната заедница да го запре Израел, известува Анадолу.
Премиерот Свини сподели објава на својот профил на Х во врска со одобрувањето на израелскиот Кабинет за безбедност на новиот план за окупирање на градот Газа, сместен во северниот дел на Појасот Газа.
„Одлуката на израелската Влада да ја преземе контролата врз Газа е целосно и апсолутно неприфатлива. Оваа одлука ќе создаде дополнителни хуманитарни страдања за палестинскиот народ и дополнително ќе го ескалира конфликтот. Меѓународната заедница мора да го запре Израел и да постигне прекин на огнот“, наведе шкотскиот лидер во својата објава.
- Шпанија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, остро го осуди одобрувањето на планираната инвазија на Газа од страна на израелскиот Кабинет за безбедност, известува Анадолу.
Во објавата на својот профил на платформата X, министерот Албарес наведе:
„Најостро ја осудуваме одлуката на израелската Влада да ја засили воената окупација на Газа. Ова ќе доведе до понатамошно уништување и страдање. Итно се потребни траен прекин на огнот, итен и голем прилив на хуманитарна помош и ослободување на сите заложници.“
Шефот на шпанската дипломатија Албарес, исто така, го повтори својот став дека „дефинитивниот мир во регионот може да се постигне само преку воспоставување решение за две држави, вклучувајќи реалистична и одржлива држава Палестина“.
- Австралија
Австралиската министерка за надворешни работи Пени Вонг изјави дека одлуката на израелската Влада да го окупира градот Газа ќе ја влоши „хуманитарната катастрофа“ во регионот, и ја повика Владата во Тел Авив да се откаже од својата одлука, известува Анадолу.
Според „Еј-би-си њуз Австралија“, министерката Вонг дала изјава во врска со одобрувањето на новиот план за окупирање на Газа од страна на израелскиот Кабинет за безбедност.
Во изјавата Вонг вели:
„Австралија го повикува Израел да не тргнува по тој пат, што дополнително би ја влошило хуманитарната катастрофа во Газа“.
Повторувајќи го повикот за решение со две држави, Вонг истакна дека постигнување траен мир е единствениот начин државите Палестина и Израел да живеат една до друга во мир и безбедност во рамките на меѓународно признатите граници.
Министерката Вонг изјави дека трајното присилно раселување на Палестинците го крши меѓународното право и нагласи дека Австралија продолжува со континуираните повици за прекин на огнот, ослободување на заробениците и непречено доставување на хуманитарна помош.
- Холандија
Холандскиот министер за надворешни работи Каспaр Велдкамп денес остро го критикуваше планот на израелската Влада за целосна воена окупација на градот Газа, предупредувајќи дека тоа ќе ја влоши веќе катастрофалната хуманитарна криза и ќе ги попречи напорите за ослободување на заложниците, јавува Анадолу.Во објава на Х, Велдкамп напиша: „Планот на Владата на Нетанјаху да ги интензивира израелските операции во Газа е погрешен потег. Хуманитарната ситуација е катастрофална и бара итно подобрување. Оваа одлука на никаков начин не придонесува за ова, а исто така нема да помогне за враќање на заложниците дома.“
Велдкамп го повтори долгогодишниот став на холандската Влада за Газа, нагласувајќи ја потребата од дипломатија и хуманитарна помош.
„Холандската Влада отсекогаш била јасна: Газа им припаѓа на Палестинците. Она што е потребно сега е прекин на огнот, многу повеќе хуманитарна помош, ослободување на сите заложници од Хамас и преговарачко решение“, додаде тој.
- План за окупација на Израел
Израелскиот кабинет за безбедност одобри нов план кој повикува на окупација на градот Газа, кој се наоѓа во северниот дел на Појасот Газа.
Според локални извори, израелската армија се подготвува во целост да го окупира градот Газа.