свет

Расте бројот на мртви: Земјотресот во Индонезија одзеде шест животи

- Во тек се акциите за барање и спасување. На лицата, што во земјотресот останале без покрив над глава, им е пружена помош

Ömer Faruk Yıldız  | 17.07.2019 - Обновена : 19.07.2019
Расте бројот на мртви: Земјотресот во Индонезија одзеде шест животи

ЏАКАРТА

Во земјотресот со интензитет од 7,3 степени, што пред три дена го потресе Северно Малуку, Индонезија, животот го загубија шест лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Од Националната агенција за природни катастрофи е потврдено дека од под урнатините се извлечени телата на шест лица.

Во тек се акциите за барање и спасување. На лицата, што во земјотресот останале без покрив над глава, им е пружена помош.

Во земјотресот со јачина од 7,5 степени и цунамито што на 28 септември, 2018 година, ја погодија Индонезија загинаа 4.340 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın