Umur Koçak Semiz
03 Март 2016•Ажурирај: 04 Март 2016
ТУБАН (АА) - Откако вчера силен земјотрес, од 7,9 степени по Рихетеровата скала, го погоди западниот брег на Индонезија, во оваа земја денес се регистрирани уште два послаби земјотреси, пренесува Anadolu Agency (AA).
Индонезиската агенција за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) објави дека рано утринава забележани се уште два земјотреса на островот Ментаваи, со јачина од 5,3 и 5,8 степени по Рихтеровата скала.
Во соопштението на индонезиската Агенција за метеорологија се наведува дека двата земјотреса се регистрирани на длабочина од околу 10 километри. Авионите на Индонезиските воздушни сили моментално го надлетуваат регионот со цел да установат дали има последици од земјотресите.
Откако вчера силен земјотрес од 7,9 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот брег на Индонезија, надлежните служби издадоа предупредување за цунами кое подоцна е тргнато. Во овој земјотрес немаше загинати ниту повредени.