Bakir Tiro
01 Март 2017•Ажурирај: 02 Март 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин истакна дека руските спортисти не користеле допинг под покровителство на државата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Никогаш не сме го правеле тоа, а ни во иднина нема да ја спонзорираме допинг програмата. Напротив, ќе се бориме против допингот. Ќе оформиме нов систем што ќе функционира во борбата против допингот“, изјави Путин.
На Олимписките игри во Рио де Женеиро минатата година, руските атлетичари беа суспендирани поради масовните допинг афери во месеците што му претходеа на овој најголем спортски натпревар.
Поради допинг, неколкумина руски освојувачи на медали на голем број меѓународни натпревари беа суспендирани и им беа одземени медалите.