Burç Eruygur
13 Март 2023•Ажурирај: 14 Март 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин, денес телефонски разговараше со ерменскиот премиер, Никол Пашинјан, во врска со процесот на нормализација со Азербејџан, соопшти Кремљ, пренесува Анадолу.
„Беа разгледани практичните аспекти на имплементацијата на целиот комплекс на познати договори меѓу лидерите на Русија, Ерменија и Азербејџан во 2020-2022 година, вклучително и чекорите за обезбедување стабилност и безбедност на ерменско-азербејџанската граница, враќање на економските и транспортни врски во регионот и подготвување на мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан“, се вели во соопштението.
Се додава дека биле разгледани и дискусиите за актуелната ситуација во регионот на Карабах, а Путин ја истакнал потребата да се решат сите прашања што се појавуваат на конструктивен начин, во близок контакт и интеракција меѓу страните и руските мировници.
Примирјето со посредство на Русија меѓу Азербејџан и Ерменија е на сила по војната во 2020 година, која го принуди Ереван да ги отстапи териториите што ги окупираше речиси три децении. Оттогаш, во тек е процес за нормализирање на врските меѓу двата соседа.
Најмалку пет лица загинаа во последната размена на оган во Карабах на почетокот на овој месец.
Од крајот на минатата година, азербејџанските еколошки активисти протестираа покрај коридорот Лачин, единствениот пат што го поврзува Карабах со Ерменија, против нелегалното ископување.