Aida Cako
06 Ноември 2025•Ажурирај: 06 Ноември 2025
СКОПЈЕ (АА) – Организации за човекови права, синдикати и пратенички претставници организираа марш од Ларго до Машадо до палатата Гуанабара во Рио де Жанеиро, Бразил, протестирајќи против одржувањето на конференцијата КОП30 и осудувајќи ја, како што рекоа, „влошената политичка и социјална криза“ под администрацијата на гувернерот Клаудио Кастро, јавува Анадолу.
Протестот следуваше по полициската операција против криминалната група Командо Вермељо (CV) во комплексите Пенја и Алемао, при што, според извештаите, загинале најмалку 121 лице.
Организаторите обвинија дека Владата на сојузната држава продолжува да спроведува „политика заснована на насилство, јавна неодговорност и ограничување на човековите права“.