свет

Пропалестински протести низ Северна и Јужна Америка на двегодишнината од војната во Газа

Учесниците го осудија нападот врз Глобалната флотила „Сумуд“ и повикаа на меѓународна одговорност

Aida Cako  | 08.10.2025 - Обновена : 08.10.2025
Пропалестински протести низ Северна и Јужна Америка на двегодишнината од војната во Газа Фото: Daniel Cardenas/AA

СКОПЈЕ (АА) - Пропалестински протести се одржаа во поголемите градови низ Северна, Јужна и Централна Америка, во кои учествуваа илјадници демонстранти, кои ја одбележаа втората годишнина од почетокот на геноцидните напади на Израел врз Појасот Газа, јавува Анадолу.

Во Чикаго, членови на Американската палестинска заедница (USPCN) се собраа пред израелскиот конзулат, носејќи палестински знамиња и транспаренти со пораки за мир.

Учесниците го осудија нападот врз Глобалната флотила „Сумуд“ и повикаа на меѓународна одговорност.

Слични протести беа одржани и во Мексико Сити, Мексико, каде што стотици демонстранти повикаа на итен прекин на воените дејства во Појасот Газа, како и во Буенос Аирес,  главниот град на Аргентина, каде што илјадници луѓе маршираа низ улиците, барајќи од претседателот Хавиер Милеј да ги прекине дипломатските односи со Израел во знак на солидарност со Палестина.

Во Каракас, Венецуела, демонстранти се собраа пред палестинската амбасада, извикувајќи пароли за поддршка на палестинскиот народ.

На собирот зборуваше и поранешниот потпретседател на Венецуела, Хорхе Ареаса, кој ја истакна солидарноста на венецуелскиот народ со Палестина.

Организаторите изјавија дека протестот ја одбележува двегодишнината од израелската војна во Газа.

Маршот, внимателно следен од полицијата, го смени својот правец за да ја избегне израелската амбасада, но помина мирно.

Демонстрантите носеа палестински знамиња, фотографии од жртви и транспаренти со пораки против насилството, повикувајќи на прекин на воените операции и итно меѓународно дејствување.

Од октомври 2023 година израелската војска уби над 67.100 Палестинци во Газа, повеќето жени и деца.

Немилосрдното бомбардирање ја направи енклавата речиси несоодветна за живеење и доведе до масовно раселување, глад и ширење на болести.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.