Mehmet Nuri Uçar,Mustafa Deveci
28 Мај 2018•Ажурирај: 28 Мај 2018
РАМАЛА (АА) - Претседателот на Палестина, Махмуд Абас (82), е отпуштен од болницата во Рамала, во која на 20 мај беше примен на лекување, јавува Anadolu Agency (AA).
По напуштањето на болницата, претседателот Абас изјави за медиумите: „Фала му на Господ што болницата ја напуштам здрав. Утре им се враќам на работните обврски“.
Палестинскиот претседател Абас со поплаки за висока температура, на 20 мај беше примен во болницата Истишари, каде што мина неколку тестови за срцето.
Кај претседателот Абас се пронајдени неколку заболувања кои се должат на возраста. На 14 мај, во друга болница, палестинскиот претседател имаше лесна операција на увото.