Aida Cako
18 Ноември 2024•Ажурирај: 19 Ноември 2024
ВЕНЕЦИЈА (АА) – Италијанскиот град Венеција, познат по својата уникатна архитектура и канали, во есенските и зимските месеци го привлекува вниманието со магливите утра кои создаваат магични глетки, јавува Анадолу.
Венеција, која важи за еден од најпосетените градови во светот, со векови е позната како град на љубовта и уметниците.
Овој историски град, изграден на вода, се состои од 121 остров поврзани со мостови и канали.
Големиот канал, опкружен со монументални градби од различни епохи, создава особено зачудувачки пејзажи кога ќе биде прекриен со густа магла.
Овие слики, кои потсетуваат на сцени од бајка, ја прават Венеција една од омилените туристички центри во Италија, привлекувајќи посетители од целиот свет во текот на целата година.