Melda Altakhan
30 Декември 2016•Ажурирај: 30 Декември 2016
АЛЕПО/ИДЛИБ (АА) - Освен неколкуте напади што ги извршија силите на режимот, воглавно прекинот на огнот што го договорија завојуваните страни од граѓанската војна во Сирија, се одржува во голема мера, јавува Anadolu Agency (AA).
Продолжува прекинот на огнот во Сирија, кој синоќа на полноќ го прогласија силите на режимот и опозицијата, со гаранции на Русија и Турција.
Според информациите до кои дојде дописникот на АА од линиите на фронтот, во градот Соран, и во руралните делови на Идлиб, Џиср Шугур, Џебел ез-Зевије во пределот на Хама, подрачјето на Ески Ѓумрук и селото Јавда во Дера, руралните делови на долината Барада западно од Дамаск, силите на режимот и странските прорежимски терористички групи вршеле повремени напади.
Силите на режимот ги гранатирале позициите на умерената опозиција со тешко вооружување, топови и минофрлачи, но немало воздушни напади.
Во нападите немало жртви. Од локални извори се дознава дека и покрај одредени прекршувања на прекинот на огнот од страна на режимот, тој во голема мера се одржува