Yusuf Hatip
30 Април 2018•Ажурирај: 01 Мај 2018
БРИСЕЛ (АА) - Раководството на Европската Унија (ЕУ) ги предупреди властите на Израел да не користат боева муниција против невооружените палестински демонстранти на границата со Газа и ги повика сите страни во регионот да не прават чекори за интензивирање на тензиите и насилството, јавува Anadolu Agency (AA).
На прашањето од новинарот на АА за коментар околу новиот случај на убивање тројца палестински демонстранти на границата на Газа, портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ, изјави дека ЕУ внимателно го следи развојот на настаните на границата меѓу Газа и Израел, каде што петта недела има протести и немири.
„Видовме дека цивилите повторно беа убивани со огнено оружје, а десетици демонстранти беа повредени. ЕУ го повторува претходниот апел за намалување на тензиите. Продолжувањето на насилството само ќе го продолжи страдањето во Газа и ќе ги загрози мировните процеси“, рече Коцијанчиќ.
Изразувајќи жалење во врска со новите страдања, Кочијанчиќ рече дека невооружените цивили, и особено децата, не треба да бидат цел на нападите со огнено оружје и боева муниција што ја користат израелските сили.
Коцијанчиќ повика на сеопфатна истрага за случувањата на границата на Газа.