Mustafa Melih Ahıshalı
30 Април 2018•Ажурирај: 01 Мај 2018
ТЕХЕРАН (АА) - Иранскиот верски лидер ајатолах Али Хамнеи ја обвини Владата на Соединетите Американски Држави (САД) дeка води економска војна против Иран и сака да предизвика конфликти во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Во првомајското обраќање пред нацијата во Техеран, ајатолахот Хамнеи рече дека официјален Вашингтон ги поттикнува државите во регионот да го мразат Иран.
„Воено подбуцнувачката база која денес се обидува да води војна против нас е Министерството за финансии на САД. Војната против Иран ја водат на два колосека. Првиот е економска војна, а другиот е поттикнување на земјите во регионот да прејдат во редовите на непријателите на Иран“, изјави ајатолахот Хамнеи.
Обвинувајќи ги САД дека сакаат да испровоцираат постојани војни меѓу муслиманските земји, ајатолахот Хамнеи изјави дека властите од Вашингтон ја подбуцнуваат против Иран и Саудиска Арабија.
Осврнувајќи се и на американските критики на сметка на иранското воено присуство во Сирија и другите земји во регионот, ајатолахот Хамнеи изјави дека Иран има право на присуство во сопствениот регион, а дека американските сили се оние кои мора да се повлечат од регионот на кој не припаѓаат.
Обвинувањата на Хамнеи пристигнаа во екот на пораките на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе го поништи меѓународниот договор за нуклеарната програма на Иран, доколку нема негова ревизија.