23 Јуни 2024•Ажурирај: 24 Јуни 2024
АНКАРА (АА) - Поранешниот главен преговарач на Европската Унија (ЕУ) за Брегзит, Мишел Барние, изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон ја довел својата земја до прагот на „Фрегзит“, што значи излез од ЕУ, пренесува Анадолу.
Барние даде изјава за британскиот весник „Телеграф“ по одлуката на Макрон да го распушти Парламентот и да распише предвремени избори, откако крајната десница во неговата земја излезе прва со голема разлика на изборите за Европскиот парламент (ЕП).
Објаснувајќи дека првото поглавје од неговата книга вклучувало „предупредување дека и другите земји би можеле да ја напуштат ЕУ доколку не се извлечат поуки од Брегзит, што е одлуката на Велика Британија да ја напушти Европската Унија“, Барние тврди дека Макрон тоа не го земал предвид и дека ја довел земјата до прагот на „Фрегзит“.
Истакнувајќи дека треба да се земе предвид она што луѓето во многу сиромашни региони го мислат, Барние наведе дека оваа ситуација имала големо влијание врз гласањето за Брегзит во Велика Британија и дека истото може да се случи и во Франција.
Опишувајќи ја одлуката на Макрон за распуштање на Парламентот и распишувањето предвремени избори како „многу ризична“, Барние напомена дека треба да се биде многу внимателен во врска со можноста крајната десница да добие ново апсолутно мнозинство на изборите.