Ekip
27 Февруари 2021•Ажурирај: 01 Март 2021
РАБАТ
Абделилах Бенкиран, поранешниот премиер на Мароко, изјави дека Арапската пролет сѐ уште не е завршена, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи на втората конференција на Арапскиот совет по пат на видеоконференција доцна синоќа, Бенкиран ги повика арапските челници да се смират со своите народи.
„Ќе дојде ден кога авторитарните владетели во арапскиот свет ќе побараат засолниште за да се скријат, но нема да го најдат“, рече Бенкиран на конференцијата под наслов „Арапска пролет: поуки и следни предизвици“.
„Најдобро за нив е да се смират со своите народи“, рече Бенкиран.
Тој истакна дека пред Мароко стои долг пат за да може во потполност да ги постигне целите на револуцијата започнати со Арапската пролет.
Бенкиран нагласи дека оваа североафриканска земја „била успешна во соочувањето со Арапската пролет“ и дека во потполност може да послужи како „модел“ за другите земји во регионот.
Арапската пролет претставува серија демонстрации што во 2011 година започнаа во Тунис, откако туниски уличен продавач се самозапали во знак на протест поради кршењето на човековите права на тамошниот режим.
Демонстрациите потоа се проширија во неколку арапски земји во кои луѓето бараа соборување на авторитарните власти, вработувања, подобар животен стандард, демократија и слобода.