свет

Поради штрајк на аеродромот Берлин-Бранденбург заглавени 57.000 патници

- Еднодневниот предупредувачки штрајк доведе до откажување на вкупно 445 полетувања и слетувања.

Beyza Binnur Dönmez  | 18.03.2026 - Обновена : 18.03.2026
Поради штрајк на аеродромот Берлин-Бранденбург заглавени 57.000 патници Halil Sağırkaya/AA

ЖЕНЕВА (АА) - Околу 57.000 патници беа погодени денес откако операциите на аеродромот Берлин-Бранденбург беа прекинати поради штрајк, се наведува на официјалната веб-страница на аеродромот, пренесува Анадолу.

„Ниту еден редовен патнички лет нема да може да се реализира на аеродромот Берлин-Бранденбург“, соопшти операторот на аеродромот ФББ (FBB), додавајќи дека еднодневниот предупредувачки штрајк довел до откажување на вкупно 445 полетувања и слетувања.

Штрајкот е свикан од синдикатот „Верди“ од каде што истакнаа дека тој претставува „директна последица на одбивањето на работодавците да претстават понуда за која може да се преговара“.

Спорот е фокусиран на преговорите за плати во кои се вклучени околу 2.000 вработени на аеродромот, вклучувајќи го персоналот во противпожарните служби, операциите во воздушниот сообраќај и управувањето со терминалите, според информациите на порталот „Берлин.де“.

Од аеродромот соопштија дека штрајкот го оневозможил одржувањето на операциите за летање, иако некои услуги на копно и безбедносните проверки се управувани од надворешни изведувачи.

ФББ ги повика патниците да се обратат директно до авиокомпаниите за опции за повторна резервација и алтернативни аранжмани за патување.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın