Hasan Esen
11 Мај 2017•Ажурирај: 12 Мај 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европската унија (ЕУ) донесе одлука со која им се дозволува на Австрија, Германија, Данска, Шведска како и на Норвешка, која не е член на ЕУ, но е во шенгенскиот простор, уште најмалку шест месеци да продолжат да спроведуваат гранични контроли за да се изборат со приливот на бегалците, пишува Anadolu Agency (AA).
Советот на ЕУ го прифати предлогот на Европската комисија, за уште шест месеци да продолжат граничните контроли за членките на Шенген, кои според претходно донесената одлука истекоа денес.
Со одлуката се бара од овие земји при граничните контроли да бидат во координација и во контакт со соседните земји за да бидат извршени соодветно потребните контроли.
Членките на Шенген – Австрија, Германија, Данска, Шведска и Норвешка, кон крајот на 2015 година воведоа гранични контроли.
Во Европа, во 2015 година влегоа повеќе од милион бегалци. По договорот на Турција и ЕУ во март 2016 година, бројот на влегувања дневно е намален на 80.