свет

Поплавите во Индонезија и Источен Тимор досега одзедоа 155 животи

Во Индонезија, која се наоѓа во екваторскиот појас, честопати се случуваат поплави и свлечишта, особено во месеците октомври и април

Ömer Faruk Yıldız  | 06.04.2021 - Обновена : 07.04.2021
Поплавите во Индонезија и Источен Тимор досега одзедоа 155 животи

КУАЛА ЛУМПУР (AA) - Индонезискиот национален центар за управување со катастрофи соопшти дека поплавите во покраината Источна Нуса Тенгара се причина за смртта на 67 лица во градот Лембага, 49 во Источен Флорес и на 12 лица во Алор, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението се наведува дека во тек се операциите за пронаоѓање на 72 лица кои се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата што го зафатија регионот.

Во Индонезија, која се наоѓа во екваторскиот појас, честопати се случуваат поплави и свлечишта, особено во месеците октомври и април.

Според управата за временски непогоди, половината од населението на архипелагот, на кој живеат 125 милиони лица, се соочува со ризик од свлечиште.

- Поплавите во Источен Тимор причина за смртта на 27 лица -

Од друга страна, во Источен Тимор, соседот на Индонезија, во поплавите што го зафатија главниот град Дили и неговата околина досега животот го загубија 27 лица.

Според веста што ја објави индонезиската национална агенција „Антара“, по поплавите што започнаа вчера, илјадници лица се евакуирани од нивните домови и се префрлени во безбедни подрачја.

Се наведува дека меѓу лицата што ги загубиле животите во поплавите има шест деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.