Mehmet Yılmaz,Aşkın Kıyağan
17 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
ВАРШАВА (АА) - Полската Влада реагира на телефонските разговори на германската канцеларка Ангела Меркел со белорускиот претседател Александар Лукашенко и на францускиот претседател Емануел Макрон со рускиот претседател Владимир Путин во врска со мигрантската криза на белоруската граница, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полската Влада, Пјотр Мулер, за државната телевизија ТВП „Инфо“ (TVP Info) истакна дека разговорот на Меркел со Лукашенко и на Макрон со Путин за мигрантската криза на белоруско-полската граница е погрешен.
Мулер, наведувајќи дека биле информирани од Германија пред телефонскиот разговор меѓу Меркел и Лукашенко, рече: „Да бидам искрен, тоа ми е чудно, бидејќи во извесна смисла тоа значи прифаќање дека претседателот [Лукашенко] е избран на изборите. Ја разбирам ситуацијата, но тоа што се случи, според мене е погрешно.“
Истакнувајќи дека е нормално Германија и Франција да се среќаваат со руски и белоруски функционери, Мулер рече дека тие немаат овластување за тоа прашање.
Портпаролот, исто така, додаде дека е точна пораката дадена до Путин и Лукашенко во врска со кризата на белоруската граница.