Murat Temizer
24 Февруари 2023•Ажурирај: 24 Февруари 2023
ВАРШАВА (АА) - Портпаролот на полската Влада, Пјотр Милер, истакна дека неговата земја на Украина ѝ ги доставила првите тенкови „Леопард“, кои претходно ги вети Владата на Варшава, пренесува Анадолу.
Mилер оваа информација ја потврди преку објава на својот твитер-профил.
Тој потсети дека полскиот премиер Матеуш Моравиецки го посетил украинскиот главен град Киев.
Милер нагласи дека ѝ придаваат важност на безбедноста на Полска, и дека оваа посета е важна за безбедноста на Европа и Украина.
„Првите тенкови „Леопард“ од Полска отидоа за нашите соседи во Украина“, додаде Милер.