свет

Полицијата истражува закани со бомби во американската и француската Амбасада во Софија

Надлежните органи соопштија дека засега не е познато дали заканите се вистински или лажни

Melike Pala  | 29.10.2025 - Обновена : 29.10.2025
Полицијата истражува закани со бомби во американската и француската Амбасада во Софија

БРИСЕЛ (AA) – Бугарската полиција денес започна истрага по добиените извештаи за закани со бомба кон амбасадите на Соединетите Американски Држави (САД) и Франција во главниот град Софија, соопштија локалните власти, пренесува Анадолу.

Новинската агенција БТА пренесе дека од Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Софија соопштиле дека предупредувањето било добиено во текот на денот.

Надлежните органи соопштија дека засега не е познато дали заканите се вистински или лажни.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.