İdiris Okuduci
30 Октомври 2021•Ажурирај: 31 Октомври 2021
БЕЈРУТ (АА) - По Саудиска Арабија и Бахреин, и властите на Кувајт го отповика својот амбасадор од Либан и тоа поради неодамнешното објавување на спорните изјави на либанскиот министер за информирање, Џорџ Кардахи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Кувајтската новинска агенција (КУНА) јави дека Владата на заливската земја утринава го отповикала својот амбасадор Абил ал Сулејман ал Канаи да се врати од Либан и дека на вршителот на должноста за дипломатски работи на либанската Амбасада во Кувајт му наредила да ја напушти земјата во рок од 48 часа.
Синоќа властите на Саудиска Арабија го повлекоа својот амбасадор од Либан и го прекинаа увозот од таа земја, а тоа го стори и Бахреин.
Кризата во односите помеѓу Либан и другите земји од Заливот ја предизвика неодамнешната критика што либанскиот министер за информирање, Кoрдахи ја упати кон Саудиска Арабија и нејзините сојузници кои учествуваат во интервенциите во војната во Јемен. Се работи за изјава што ја дал порано, а емитувана е на либанска телевизија на 27 октомври.
На прашањето дали „смета дека Хусите, како Хезболах, ја бранат својата земја од вооружена организација“, Кордахи одговара: „Секако дека тие се бранат. Моето лично мислење е дека оваа војна во Јемен мора да заврши. Куќите, зградите, селата и градовите се нападнати од борбени авиони.“
Либанскиот премиер Наиб Микати во писмено соопштение наведе дека тоа се изјави кои Корадхи ги дал пред стапувањето на должноста министер и дека на ниту еден начин не ја одразуваат неговата моментална позиција. Тој додаде дека изјавите на ниту еден начин не ја одразуваат политиката на Либан кон арапските земји, особено кон Саудиска Арабија.