Gamze Türkoğlu Oğuz
15 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
БИРМИНГХАМ (АА) - По нередите во сојузната американска држава Вирџинија во кои загина едно, а беа повредени голем број лица, расистите планираат нови демонстрации, јавува Anadolu Agency (AA).
На интернет-страницата на неонацистите, на којашто се поттикнува на собирање во Вирџинија, објавено е дека наскоро ќе дојде до нови случувања.
„Ќе продожиме без прекини. Во целата земја“, се вели во објавата на страницата.
Друга група од властите на Вирџинија побара на 16. септември да бидат организирани демонстрации во близина на споменикот на генералот на војската на Конфередацијата, Роберт Едвард Ли.
Водачот на белите националисти, Метју Хејмбах, порача дека ќе бидат активни како никогаш досега.
Белите националисти за време на викендот во Вирџинија организираа протести против планираното отстранување на споменикот на генералот на Конфедерацијата, Роберт Едвард Ли, губитничка страна во Американската граѓанска војна којашто траеше од 1861 до 1865 година. Во градот Шарлотсвил одржани се и паралелни протести на антирасистите, а дојде и до нереди кога демонстрантите меѓусебно се судрија.
Американската полиција го идентификуваше 20-годишниот Џејмс Алекс Филдс помладиот како напаѓачот кој со автомобил влета во масата демонстранти во Вирџинија и усмртни една жена, а повреди повеќе лица. Во Вирџинија е прогласена вонредна состојба.