Петмина хуманитарни работници од меѓународна хуманитарна организација убиени во израелските напади врз Газа
„Петмина од нашите колеги кои работеа на нашиот проект во Газа во соработка со Светската програма за храна (WFP) загинаа во нападите извршени од окупаторските израелски сили во текот на изминатите два дена“

ИСТАНБУЛ (АА) - Петмина хуманитарни работници од меѓународна хуманитарна организација со седиште во Истанбул, која работи со Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP), се убиени во израелски напади во Појасот Газа, додека други двајца се сериозно повредени, објави организацијата вечера, јавува Анадолу.
„Петмина од нашите колеги кои работеа на нашиот проект во Газа во соработка со Светската програма за храна (WFP) загинаа во нападите извршени од окупаторските израелски сили во текот на изминатите два дена, а други двајца се сериозно повредени“, соопшти ИХХ преку платформата X.
Организацијата го осуди „грозоморниот напад“ на Израел врз хуманитарните работници, кои „секој ден ги ризикуваат своите животи за да им достават помош на угнетените луѓе во Газа“.
„Загинатите се Мохамед ал-Мубајид, Ахмед Бустан, Мутаз Раџаб, Џамал ал-Мубајид, Исхак ал-Тејф“, објави организацијата, изразувајќи сочувство до нивните семејства.
Во неделата, извршната директорка на Светската програма за храна (WFP), Синди Мекејн, предупреди дека половина милион луѓе во Газа се „во екстремна несигурност во однос на храна“ и се изложени на ризик од глад.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.