Ahmed al-Masri,Mahmut Geldi
17 Јули 2017•Ажурирај: 17 Јули 2017
ДОХА (АА) - Морнариците на Катар и на Велика Британија изведуваат заедничка воена вежба во катарските води на Персискиот Залив, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството за одбрана на Катар соопшти дека морнариците на двете земји од вчера изведуваат воена вежба којашто се состои од два дела.
Во првата фаза вчера се одржаа конференција и обука на темата поморски комуникации, противпожарна заштита, откривање дефекти и безбедно закотвување на пловила.
Во втората фаза на вежбата, двете морнарици извршија подводно деминирање и артилериски дејствија.
Дводневната вежба беше организирана на барање на Обединетото Кралство, во согласност со постоечките билатерални договори за воена соработка.
Вежбата е oрганизирана во сенка на кризата во Заливот, која се одразува во целосната блокада на Катар од страна на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин, Египет и неколку држави од Заливот.