Islam Doğru
24 Октомври 2024•Ажурирај: 25 Октомври 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (Пентагон) се огласи по вчерашниот терористички напад врз седиштето на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) во Анкара и порача дека Туркије има право да ги смета за одговорни оние што стојат зад нападот, известува Анадолу.
Заменик-порпаролката на Пентагон, Сабрина Синг зборуваше за терористичкиот напад во Анкара, конкретно за нападите на турските безбедносни сили врз цели на ПКК во северна Сирија и Ирак.
„Како што видовте во Туркије, ова изгледа како терористички напад. Имаат право да ги повикаат на одговорност луѓето што го извршија овој напад“, рече Синг.
Во име на Пентагон, Синг изрази сочувство до семејствата на загинатите и им посака брзо закрепнување на повредените во терористичкиот напад.
Во средата се слушнаа експлозија и пукотници во објектите на ТУСАШ во местото Кахраманказан во турската облааст Анкара.
Турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја потврди дека во нападот животот го загубиле 5 лица, 22 се повредени, а неутрализирани се двајца терористи кои ги нападнале објектите.
Министерот Јерликаја објави дека неутрализираните терористи одговорни за нападот се идентификувани како членови на терористичката организација ПКК.
ПКК е сепаратистичко-терористичка организација која е заведдена како терористичка група во Туркије, Европската Унија и Соединетите Американски Држави. За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.