свет

Пентагон: САД ја запреа испораката на дел од оружјето за Израел

„Дефинитивно не сакаме да видиме голем судир во Рафа“

Hakan Çopur  | 08.05.2024 - Обновена : 12.05.2024
Пентагон: САД ја запреа испораката на дел од оружјето за Израел

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар за одбрана, Лојд Остин, потврди дека се во процес на проценка на оружјето што наскоро ќе биде испратено во Израел во контекст на сеопфатниот копнен напад врз Рафа и дека додека овој процес продолжува, тие ја прекинале испораката на дел од оружјето, јавува Анадолу.

За време на расправата за буџетот на која присуствуваше во Сенатот, секретарот за одбрана Остин ја оцени најновата ситуација во Рафа и веста дека САД ја прекинале испораката на дел од оружјето за Израел.

Остин рече дека не сакаат Израел да започне сеопфатен копнен напад врз Рафа, дека на соговорниците во Тел Авив им пренеле јасни пораки за ова прашање и дека тие, како администрација на Бајден, внимателно ги следат случувањата во регионот.

„Ќе продолжиме да водиме сметка Израел да има средства да се брани. Меѓутоа, во моментов ја проценуваме испораката со безбедносната поддршка што ќе биде доставена (на Израел) во блиска иднина во контекст на развојот на случувањата во Рафа. Додека ја проценувавме моменталната ситуација, ја запревме испораката со големо количество муниција“, рече Остин.

Истакнувајќи дека ситуацијата на повеќе од 1,5 милиони палестински цивили во Рафа е многу тешка, Остин рече: „Дефинитивно не сакаме да видиме голем судир во Рафа.“

Американските медиуми, врз основа на неименувани американски претставници, наведуваат дека САД привремено ја прекинале испораката на дел од оружјето за Израел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın