Aida Cako
07 Август 2025•Ажурирај: 08 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Туристите и локалните жители бараат засолниште од жештините предизвикани од африканскиот топлотен бран што го зафати јужниот италијански град Неапол, јавува Анадолу.
Некои користеа чадори за заштита од сонцето, а други одлучија да пливаат или да се сончаат покрај морето и покрај екстремно високите температури.
Италијанските метеоролошки служби издадоа предупредувања за високи температури за централниот и јужниот дел на земјата, наведувајќи дека наредните денови температурите би можеле да достигнат и до 40 Целзиусови степени.