Şeyma Erkul Dayanç, Esra Tekin
20 Април 2026•Ажурирај: 20 Април 2026
Централната изборна комисија на Бугарија денес објави ажурирани прелиминарни резултати од парламентарните избори што се одржаа вчера, според кои до 13:19 часот по локално време се пребројани 98,3 отсто од гласовите, јавува Анадолу.
Партијата Прогресивна Бугарија води со 44,7 отсто од гласовите, по неа следува ГЕРБ-СДС со 13,4 отсто, додека коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) добила поддршка од 12,7 отсто.
Движењето за права и слободи освои околу 6,9 отсто, додека партијата Преродба остана на 4,3 отсто од гласовите.
Во согласност со Изборниот законик на Бугарија, Централната изборна комисија е должна да ги објави конечните резултати и распределбата на мандатите за партиите и коалициите најдоцна четири дена по денот на изборите.
Имињата на избраните пратеници во Парламентот мора да бидат објавени во рок од седум дена.
Вчера се гласаше на осмите парламентарни избори во Бугарија од 2021 година.