свет

Париз: Две муслиманки избодени со нож близу Ајфеловата кула

Бројот на вакви и слични напади во земјата е зголемен по зголемениот притисок врз муслиманите, а многумина истакнуваат дека за тоа придонесува и реториката на францускиот претседател Макрон

Alaattin Doğru  | 22.10.2020 - Обновена : 23.10.2020
Париз: Две муслиманки избодени со нож близу Ајфеловата кула Фото: АА/Архива

ПАРИЗ (АА) - Најмалку две лица се уапсени во врска со нападот со нож во неделата вечерта врз две жени муслиманки во главниот град на Франција, Париз, јавува Агенција Анадолија (АА).

Француските државјанки Емела и Кенза, со потекло од Алжир, беа жртви на исламофобичен напад во неделата вечерта во близина на Ајфеловата кула, а париското Обвинителство овој напад го окарактеризираше како насилство со цел. Започната е истрага и уапсени се две лица.

Бројот на вакви и слични напади во земјата е зголемен по зголемениот притисок врз муслиманските здруженија и организации и на самите муслимани, а многумина истакнуваат дека за тоа придонесува и реториката на францускиот претседател Емануел Макрон.

Од друга страна, француските медиуми на социјалните мрежи се оценети како лицемерни поради молчењето за нападот на двете жени во Париз, за разлика од неодамнешното убиство на учителот кое беше топ-тема во националните медиуми.

- Напад со нож и навредливи коментари -

Во неделата во близина на Ајфеловата кула, лице со нож им нанесе тешки повреди на две Французинки, со потекло од Алжир, по што избегало, а тие се префрлени во болница.

Пред да се случи нападот двете жени се пожалиле дека ги вознемирува куче кое не било врзано, а било во сопственост на напаѓачот.

Осумнаесетгодишната жртва на нападот, Кенза, изјави дека напаѓачот ги навредувал со зборовите „гадни Арапи“, а потоа, како што изјави, ги нападнал со нож со јасна намера да ги убие.

- Притисокот врз муслиманските здруженија е сѐ поголем -

Во квартот Конфленс-Сен-Онорин, во близина на Париз, на 16 октомври еден учител беше обезглавен.

Француските официјални лица објавија дека убиецот на учителот бил виден во близина на телото со нож во рака, а потоа побегнал. Подоцна бил неутрализиран од страна на полицијата.

Се наведува дека учителот по историја, кој работел во средно училиште, покажал навредлива карикатура од божјиот пратеник Мухамед, неколку дена пред да биде убиен, на што родителите реагирале.

Во Франција потоа беа зголемени притисоците и нападите врз муслиманските здруженија и невладините организации.

Министерот за внатрешни работи, Гералд Дарманин, на 19 октомври изјави дека многу здруженија и невладини организации, вклучувајќи го францускиот Колектив за борба против исламофобијата и хуманитарното здружение „Баракасити“, како и една џамија, ќе бидат затворени.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın