Mustafa Deveci
19 Ноември 2023•Ажурирај: 20 Ноември 2023
КУДС (ЕРУСАЛИМ) - Палестинската Црвена полумесечина објави снимки на насилство над здравствените работниц од страна на израелските сили на Западниот брег, известува Анадолу.
На снимките се гледаат здравствени работници како се движат со раце во вис откако израелските сили насилно ги исфрлиле од возилото на итната помош.
Палестинската Црвена полумесечина објави снимка на која се гледа како израелски војници спречуваат медицински тимови да стигнат до пациентите во Џенин во окупираниот Западен Брег.
Може да се забележи и акт на понижување на здравствените работници.
Во објавата на социјалните мрежи на Палестинската Црвена полумесечина се наведува дека израелските војници ја спречиле итната помош да дојде до Џенин каде тргнале поради итна интервенција.
Според снимката, израелските сили ги блокирале здравствените работници и ги натерале да излезат од возилото на итната помош. Здравствените работници, кои под присила се извлечени од возилото на итната помош, со раце во вис тргнале кон оклопното возило на израелските сили.
Палестинската Црвена полумесечина наведе дека израелските сили ги понижиле здравствените работници кои се извлечени од возилото на итната помош, принудувајќи ги да клекнат и го пребарале возилото.
Палестинската Црвена полумесечина најостро го осуди овој чин врз своите тимови, не само затоа што го нарушува достоинството на медицинарите, туку и затоа што го одложува давањето помош на повредените, загрозувајќи ги нивните животи.
Палестинската Црвена полумесечина истакна дека израелските сили извршиле 180 прекршоци над нивните тимови на Западниот Бред од 7. октомври досега.