Islam Uddin
13 Ноември 2024•Ажурирај: 14 Ноември 2024
ИСЛАМАБАД (АА) - Во сообраќајна несреќа на патнички автобус во северен Пакистан загинаа 26 лица, известува Анадолу.
„Во несреќата животот го загубија 26 лица, а една жена е неповредена“, изјави за Анадолу Мухамед Зубаир, локален полицаец од областа Диамер во северозападната автономна територија Гилгит-Балтистан.
Автобусот што превезувал сватови паднал во реката Инд во североисточната пакистанска автономна територија Гилгит-Балтистан.
Свадбената поворка од округот Асторе во Гилгит-Балтистан се движела кон градот Чаквал во покраината Пенџаб.
Полицијата објави дека е можно големата брзина со која се движел автобусот да е причината поради која возачот ја изгубил контролата над возилото во кое се наоѓале 27 лица и така излетале од патот, паѓајќи во реката.