Ekipa
20 Јуни 2022•Ажурирај: 22 Јуни 2022
АТИНА (АА) - Осум мигранти сè уште се водат како исчезнати од чамецот што отпловил во близина на островот Делос во Егејското Море, а потонал рано во неделата, соопштија грчките власти, јавува Агенција АНадолија (АА).
Првично беше соопштено дека исчезнати се четворица мигранти, но спасувачките тимови рекоа дека осум мигранти, меѓу кои и малолетници, сè уште се водат како исчезнати.
Други 108 мигранти кои беа на истиот чамец се спасени, а шест лица се уапсени за трговија со луѓе.
Операцијата за пребарување и спасување сè уште е во тек за осумте исчезнати патници.
Чамецот пловел југозападно од островот Делос во Егејското Море кога во него почнала да навлегува вода и се оддалечил од брегот поради силните ветрови.
Поради неповолните временски услови, подоцна потонал. Чамецот бил одвлечен од малиот остров Агиос Георгиос, западно од пристаништето на Миконос.
Според властите, 21 дете, 24 жени и 63 мажи беа спасени од чамецот, а ниту еден од мигрантите не носел појас за спасување.