Emre Aytekin
19 Јануари 2023•Ажурирај: 21 Јануари 2023
ПЕКИНГ (АА) - Во лавината што падна на излезот од тунел на пат во градот Нјингчи во кинеската автономна област Тибет, според првите сознанија, загинаа 8 лица, а заглавени останаа голем број возила, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на локалната единица за катастрофи и спасување се наведува дека снежната и ледена маса што се отцепила од планинските падини го блокирала излезот од тунелот што го поврзува градот Нјингчи со областа Мидонг, при што некои возила останале под лавината.
Се наведува дека во регионот се испратени 131 спасувач и 28 возила за одговор при итни ситуации, при што е дадена информацијата дека досега се пронајдени мртвите тела на 8 лица, а сѐ уште не е утврдено колку луѓе се исчезнати.
Градот Нјингчи, кој се наоѓа на 3.000 метри надморска височина, е на пет часа возење од Ласа, центарот на автономната област.
Поради ноќните температури кои честопати паѓаат под нулата во зимските месеци во овој регион, се стравува да не замрзнат лицата затрупани од лавината.