Övünç Kutlu
10 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
АНКАРА
Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и некои земји што не се членки на оваа организација најавија намалување на дневното производство на нафта за десет милиони барели, јавува Агенција Анадолија (АА).
Саудиска Арабија претседаваше со заседанието на ОПЕК, на кое присуствуваа и Русија и уште некои земји кои не се членки на Организацијата.
Заседанието започна вчера во 17:45 часот, а завршено е дури утринава во 6:50 часот.
Министрите за енергетика на групата ОПЕК+ се договорија за двомесечно намалување на дневното производство на нафта за 10 милиони барели и таа одлука на сила ќе стапи од 1 мај.
Исто така е договорено од јули до крајот на годината дневното производство да биде намалено за осум милиони барели, а во наредните 16 месеци тоа намалување ќе изнесува шест милиони барели.
Вонредното заседание на извозниците на нафта преку видеоконференција е оддржано со цел надминување на проблемите со ниските цени на овој енергент на меѓународниот пазар.