Selen Temizer
21 Ноември 2019•Ажурирај: 22 Ноември 2019
АНКАРА (АА) – Марк Кутс, заменик-координаторот за хуманитарна помош за сириската криза, нападот на шаторскиот камп во Идлиб, каде што 12 цивили ги загубија своите животи, го опиша како грозен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Марк Кутс даде писмено соопштение за нападот на шаторскиот камп во селото Ках во Идлиб, каде што 12 цивили ги загубија своите животи.
Истакнувајќи дека во нападот е оштетена инфраструктурата на кампот, Кутс рече дека е оштетена и породилната болница која се наоѓала во близина и дека се повредени четворица хуманитарни работници.
„Шокиран сум од последниот катастрофален напад врз цивилите во Идлиб. Мислам дека е грозно ракетите да се насочуваат врз шаторски камп каде што има стари лица, жени и деца. Овој страшен инцидент треба да се истражи целосно. Овие кампови се места во кои луѓето избегале од насилство и бараат безбедност и заштита“, нагласи Кутс.
Потсетувајќи дека сите спротивставени страни треба да направат разлика помеѓу цивилите и борците, според меѓународното хуманитарно право, Кутс рече: „Каков било напад врз цивилите е кршење на меѓународното право. Најостро го осудувам последниот напад.“
Од потпишувањето на Договорот меѓу Русија и Турција на 17 септември 2018 година, до овој момент од нападите на режимот и Русија во деескалациската зона во Идлиб животот го загубија повеќе од 1.300 цивили.
Бројот на мигранти кои избегаа од нападите на релативно помирни места во близина на границата на Турција за една година ја надмина бројката од 1 милион.