Nuri Aydın
17 Мај 2021•Ажурирај: 18 Мај 2021
АНКАРА (АА) - Во студијата спроведена во рамките на Обединетите нации (ОН), утврдено е дека стотици илјади работници низ светот умираат годишно поради долгото работно време, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во заедничката студија спроведена од Светската здравствена организација (СЗО) и Меѓународната организација на трудот (МОТ), забележано е дека оние што неделно работат 55 часа или повеќе, имаат 35 проценти поголем ризик од срцев удар и 17 проценти поголем ризик од срцеви заболувања од оние што работат 35 и 40 часа неделно.
Во истражувањето се наведува дека стотици илјади луѓе годишно умираат поради долгото работно време. Во 2016 година регистрирани се 745 починати поради долгото работно време.
Во студијата се нагласува дека приближно 75 проценти од смртните случаи како резултат на долгорочното работно темпо се забележани кај средовечни и постари работници. Најмногу смртни случаи се забележани во регионите на Југоисточна Азија и Западен Пацифик.
Франк Пега, еден од експертите на СЗО, исто така изјави дека имаат податоци дека работното време се зголемило за 10 проценти во периодите на полицискиот час и ограничувањата.