ЖЕНЕВА (АА) - Комесаријатот за човекови права при Обединетите нации (ОН) упати апел за спроведување брза, непристрасна, транспарентна и комплетна истрага од страна на една независна организација, со цел откривање на причината за ненадејната смрт на првиот претседател на Египет, избран на демократски начин, Мухамед Морси, јавува Anadolu Agency (AA).
Првата конкретна изјава од страна на ОН во врска со смртта на Морси ја даде портпаролот на УНХЦР, Руперт Колвил.
„Како поранешен претседател, Мухамед Морси беше под набљудување на египетските власти за време на неговата смрт. Државата [Египет] беше одговорна за тоа тој да биде подложен на хумано третирање и за почитување на неговото право за живеење и здравје. Која било ненадејна смрт во притвор, мора да се следи со една брза, непристрасна, транспарентна и комплетна истрага која ќе се спроведува од страна на една независна организација, со цел откривање на причината за смртта. Овие се општи принципи за кои целосно се согласуваме, кои се детализирани од страна на различни меѓународни организации за човекови права, меѓу кои и африканската Комисија за човекови права“, рече Колвил.
Колвил рече дека се изразува различна загриженост во врска со условите во притворот во текот на шестгодишното задржување на Морси во него, меѓу кои користењето на здравствените услуги, како и дозволата за контакт со неговото семејство и неговиот адвокат.
„Изгледа дека тој долго време бил задржан во самица. Затоа, истрагата треба да ги опфати сите страни на третирањата на властите врз Морси, со цел да се истражи дали условите во притвор имале влијание врз неговата смрт“, додаде Колвил.
Според него, во рамки на сите информации кои ги поседува, треба да се спроведе целосно независна и сеопфатна истрага во врска со смртта на Морси.
Колвил рече дека една независна судска институција или друг надлежен орган веднаш треба да започне непристрасна и ефективна истрага, со цел да се откријат сите димензии на смртта на Морси.
УНХЦР, со седиште во Женева, која е една од најзначајните подорганизации на ОН, е позната по своите активности за поддршка и заштита на човековите права низ светот.
Портпаролката на Канцеларијата на ОН во Женева, Алесандра Велучи, одговарајќи на прашањето на новинарот на АА во врска со продолжувањето на молкот на ОН во врска со смртта на Морси, рече дека портпаролот на генералниот секретаријат на ОН, Стефан Дујариц, вчера упатил сочувство до семејството на Морси, а во наредните часови можно е ОН да излезат со изјава во врска со ова прашање.
Велучи претходно нагласи дека ќе стапи во контакт со Руперт Колвил, портпаролот на УНХЦР, институција која сѐ уште не дала изјава во врска со смртта на Морси.