Ömer Faruk Yıldız
10 Јуни 2022•Ажурирај: 11 Јуни 2022
ЖЕНЕВА ‒ Обединетите нации (ОН) реагираа на одлуката на Армијата, која ја презеде власта со воен удар во Мјанмар, која им изрече смртна казна на четири лица прогласени за виновни за прекршување на Законот за борба против тероризмот и упати повик да се зголеми меѓународниот притисок врз Воената администрација во Мјанмар, известува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение што го објавија експертите на ОН, Кјав Мин Ју, поранешен заменик на Националната унија за демократија (NLD) и една од водечките фигури на востанието против Владата на Не Вин, контролирана од Армијата во 1988 година, и поранешниот пратеник на НЛД, Фио Зејар Тау, ја коментираа одлуката донесена на 3 јуни од страна на Воената администрација на Мјанмар, која ги осуди на смртна казна двајцата демонстранти кои учествуваа во акциите против пучот.
Потенцирајќи дека доколку не се изврши меѓународен притисок, оваа егзекутивна одлука ќе биде само почеток на незаконитостите што ќе ги спроведува Мјанмарската армија, во соопштението е даден следниот коментар: „Додека нелегитимната воена администрација се подготвува да испрати продемократски активисти на бесилка, таа на меѓународната заедница ѝ покажува докази дека ги занемарува човековите права. Овие егзекуции донесени во нелегалните судови на нелегалната воена управа се залудни обиди да се разбуди страв кај народот на Мјанмар.“
‒ Повик до земјите членки на Советот за безбедност на ОН
Предупредувајќи дека доколку не се применат сериозни санкции кон Армијата на Мјанмар, Воената администрација на Мјанмар ќе одобри уште повеќе смртни казни, упатен е апелот: „Меѓународната заедница, особено земјите членки на Советот за безбедност на ОН, мора да покажат дека овие дела нема да останат неказнето и да направат повеќе за да бидат таргетирани парите, муницијата и легитимноста на војската на Мјанмар.“
Наведувајќи дека спорните решенија за егзекуција се показател дека Воената администрација ќе прибегне кон секакви методи за кривично гонење на оние што им се спротивставуваат, во соопштението се наведува „Светот не треба да заборави дека овие наредби за егзекуција беа донесени во средина во која Армијата на Мјанмар масакрира цивили речиси секојдневно. Армијата досега убила голем број цивили, како цел ги има демонстрантите, изврши воздушни напади врз цивилни населби и мачејќи ги уби некои од приведените демонстранти.“
Во изјавата на експертите беше подвлечено дека во денешни услови во Мјанмар не може да има фер процес на судење, а беше споделено дека на четири лица осудени на смрт не им бил даден правен совет.
Експертите во својата изјава подвлекуваат дека во денешни услови во Мјанмар не може да има фер процес на судење и информираа дека на четирите лица осудени на смрт не им бил даден каков било правен совет.
Експерти на ОН ја повикаа Воената администрација на Мјанмар веднаш да ги запре смртните казни донесени по државниот удар и да го промени видот на казната.
Армијата на Мјанмар прогласи воена состојба низ целата земја еден месец по воениот удар на 1 февруари 2021 година.
Строги правила на управување, вклучувајќи го и критикувањето на војската, може да пропише смртна казна по 23 одделни кривични дела на предавство на државата.
‒ Воен удар во Мјанмар
Армијата на Мјанмар ја презеде власта на 1 февруари и прогласи воена состојба во траење од една година, а како причина за државниот удар беше наведена измамата на општите избори во земјата одржани на 8 ноември 2020 година. Пучистите ги притворија претседателот Вин Минт, челничката на земјата, Су Чу, како и останатите водечки членови на Национална лига за демократија (НЛД), владејачката партија во земјата и прогласија вонредна состојба во траење од една година.
Од почетокот на протестите организирани против пучот досега, во вооружената интервенција на безбедносните сили врз демонстрантите, животот го загубија 1.800 лица.
Од државниот удар досега се приведени околу 13.000 лица, а над 10.000 сè уште се држат во притвор.
Воените судови во Мјанмар досега на смрт осудија 114 политички затвореници, од кои две се деца.