Beyza Binnur Dönmez
01 Декември 2023•Ажурирај: 04 Декември 2023
ЖЕНЕВА (АА) - Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарните активности (OCHA) повика на продолжување на хуманитарната пауза во Газа откако борбите во опколениот Појас повторно започнаа по завршувањето на хуманитарната пауза утрово, јавува Анадолу.
„Пеколот на Земјата се врати во Газа“, рече Јенс Лаерке, портпаролот на Канцеларијата на ОН, на брифингот за новинарите во Женева.
„Ни треба продолжување на паузата, а не војна“, порача тој.
Најмалку 32 Палестинци загинаа, а повеќемина се повредени откако Израел повторно започна со нападите во различни области на Појасот Газа, за време од три часа по завршувањето на паузата рано утрово, соопшти Министерството за здравство во енклавата.