Betül Yürük
29 Јануари 2019•Ажурирај: 29 Јануари 2019
ЊУЈОРК (АА) - Обединетите нации (ОН) предупредија на сѐ поголемиот недостиг на храна и основни животни потреби во осум земји во кои во моментот се водат војни, јавува Anadolu Agency (AA).
Светската прогреама за храна (WFP) и Организацијата на ОН за храна и земјоделство објавија извештај за ситуацијата во земјите во кои минатата година се водени војни и вооружени судири.
Во извештајот се наведува дека е забележан сѐ поголем недостиг на основни животни намирници во Авганистан, Централноафриканската Република, Демократската Републлика Конго, Судан и Јемен.
Паралелно со овие пет земји, извештајот ги опфати и со војна зафатената Сирија, Сомалија и регионот околу езерото Чад во Африка.
Во овие три региони е неопходна итна хуманитарна помош за речиси 56 милиони лица.
Укажувајжи на неприфатливиот проблем на растечки глад и сиромаштија во земјите во кои во изминатите години не запираат судирите, од организациите на ОН ги осудија и сѐ почестите опструкции на работа на хуманитарните организации кои во повеќе региони се принудени да ги запрат активностите.
Во извештајот исто така се наведува дека кризата во Јемен моментално е најголема хуманитарна катастрофа во светот, а дека е загрижувачка и ескалацијата на судирите во Конго каде што во втората половина на минатата година без сигурно снабдување со храна останаа повеќе од 13 милиони лица.