Betül Yürük
20 Јули 2020•Ажурирај: 21 Јули 2020
ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ
По зголемувањето на тензиите меѓу Азербејџан и Ерменија, Обединетите нации (ОН) упатија предупредување дека растот на судирите би резултирал со катастрофа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Генералниот секретар на Обединетите нации Стефан Дујариќ на дневниот брифинг истакна дека со длабока загриженост одблиску ги следат новонастанатите тензии меѓу двете земји.
Повикувајќи на максимална воздржаност меѓу Азербејџан и Ерменија, Дујариќ истакна: „Голем судир меѓу двете земји би претставувало катастрофа“.
Ерменската војска на 12 јули изврши топовско гранатирање на азербејџанското позиции во пограничното подрачје Товуз. Откако Азербејџан одговори на нападот, по претрпените загуби ерменската страна се повлече.
Азербејџанската страна во нападот загуби 5 војници, од кои 1 поручник од прва класа, а 4 војници беа ранети.
Судирите продолжија и наредните денови во кои војската на Азербејџан загуби уште 8 војници, меѓу кои и еден генерал мајор.