свет

ОН: Помошта сè уште не е дистрибуирана во Газа иако Израел дозволи камионите да поминат

Портпаролот на ОН, Стефан Дужарик, на својот дневен брифинг за медиумите говореше за дистрибуцијата на помош во Газа

Dilara Karataş  | 21.05.2025 - Обновена : 22.05.2025
ОН: Помошта сè уште не е дистрибуирана во Газа иако Израел дозволи камионите да поминат

АНКАРА (АА) - Обединетите нации (ОН) објавија дека сè уште не е дистрибуирана никаква помош во Газа и покрај тоа што Израел дозволи ограничена хуманитарна помош да помине по блокадата што траеше неколку недели, јавува Анадолу.

Портпаролот на ОН, Стефан Дужарик, на својот дневен брифинг за медиумите говореше за дистрибуцијата на помош во Газа.

Дужарик рече дека четири камиони со храна за бебиња влегле во Газа во понеделник, а неколку камиони со основни резерви, како брашно, лекови и прехранбени производи, влегле во Газа вчера, но оваа помош не била транспортирана до магацините на ОН и не била распределена меѓу народот.

„Денес еден од нашите тимови со часови чекаше за да ја преземе помошта на граничниот премин Керем Шалом. За жал, оваа помош не можеше да се дистрибуира до нашите магацини“, рече Дужарик.

Тој рече дека откако камионите влегле во Газа прво била истоварена хуманитарната помош, потоа повторно натоварена, а персоналот на ОН требало да добие дозвола од израелската армија за да ги врати камионите, додавајќи дека всушност вистински предизвик за нив е да ја осигурат безбедноста на регионот.

Израел објави дека ќе „дозволи премин на основна количина храна за да се спречи глад“ во Појасот Газа, каде што воведе хуманитарно ембарго од 2 март.

Израелската државна телевизија КАН објави дека одлуката за итно започнување на испораката на хуманитарна помош за Газа е донесена поради политичкиот притисок врз Тел Авив, особено од САД и европските земји.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.