Bayram Altuğ
07 Март 2022•Ажурирај: 08 Март 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека 1.735.068 лица избегале од Украина во соседните земји, јавува Агенција Анадолија (АА).
Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) изјави дека во периодот од 24 февруари до 6 март, 1.735.068 бегалци заминале од Украина во соседните земји, од кои повеќе од половина заминале во Полска - 1.027.603.
Во Унгарија нашле засолниште 180.163 бегалци, 128.169 во Словачка, 82.762 во Молдавија, 78.977 во Романија, 53.300 во Русија и 406 во Белорусија.
Во други европски земји заминале 183.688 украински бегалци. Покрај тоа, 96.000 луѓе се преселиле од Русија во Доњецк од 18 до 23 февруари.
УНХЦР предупреди дека ако ситуацијата во Украина се влоши, околу четири милиони цивили би можеле да избегаат.