Ali Cura
15 Септември 2016•Ажурирај: 16 Септември 2016
КИЕВ (АА) - Обединетите нации соопштија дека од почетокот на судирите во источна Украина досега животот го заубиле вкупно 9 илјади 640 лица, а 22 илјади 431 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Петнаесеттиот извештај на Високиот комесаријат на ОН за човековите права, којшто го опфаќа периодот од 16 мај до 15 август во врска со состојбата на човековите права во Украина, беше објавен во Киев од страна на претседателот на Мисијата на ОН во Украина за мониторинг на човековите права, Фиона Фрејзер.
Фрејзер ги презентираше последните бројки на жртвите од борбите во источна Украина и рече дека „до 15 септември, почнувајќи од вооружените сили на Украина, цивилите, до вооружените сепаратисти, животот го загубиле вкупно 9 илјади 640 лица, а 22 илјади 431 лице биле повредени“.
Таа истакна дека бројот на жртвите од борбите во Донбас, во споредба со тримесечниот минатогодишен период се зголемил за 66 проценти и информираше дека од 16 мај до 15 август животот го загубиле 28 цивили, а 160 биле повредени.
Фрејзер рече дека во извештајот се наведува оти продолжуваат притисоците на Русија, која го анектираше Крим, како и притисоците за многу „екстремисти“ од страна на полициските службеници.