Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
24 Јануари 2025•Ажурирај: 24 Јануари 2025
ХАМИЛТОН (АА) – Најмалку еден милион деца во Газа итно имаат потреба од психолошка и психосоцијална поддршка заради депресија, анксиозност и суицидни мисли, изјави шефот за хуманитарна помош на Обединетите нации, Том Флечер, јавува Анадолу.
Флечер на сесијата на Советот за безбедност посветена на страдањата на децата во Газа изјави дека прекинот на огнот во Газа претставува олеснување за Палестинците.
Тој ја нагласи важноста да се почитува примирјето од сите страни и додаде дека безбедниот и непречен хуманитарен пристап, заедно со речиси целосното запирање на криминалното ограбување во изминатите денови, значително ја подобриле нивната можност за дејствување.
Опишувајќи ги тешките последици од конфликтот, Флечер изјави: „Децата беа убиени, изгладнети и оставени да замрзнат до смрт. Тие беа осакатени, оставени сирачиња или разделени од своите семејства. Според процените, над 17.000 деца во Газа се без своите семејства.“
Тој истакна дека околу 150.000 бремени жени и мајки со новороденчиња „имаат очајна потреба од здравствени услуги“, додавајќи дека некои бебиња во Газа „умреле пред да го земат својот прв здив – умирајќи со своите мајки при породување“ поради постојаните израелски напади.
„Еден милион деца имаат потреба од психолошка и психосоцијална поддршка заради депресија, анксиозност и суицидни мисли“, изјави тој, повикувајќи се на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).
Флечер ја повика меѓународниот заедница да преземе акција.
„Хуманитарните организации и агенции се обединија за да ги исполнат нашите хуманитарни цели. Во центарот на ова, како и секогаш, е УНРВА. Но сами не можеме да го направиме тоа“, рече тој.
Нагласи дека до Газа мора да стигнат „поголеми количества помош“ и објасни дека во Хуманитарниот повик на ОН за 2025 година се бараат 4,07 милијарди долари за задоволување со потребите на три милиони луѓе во Газа и на Западниот Брег, при што најголем дел од средствата се наменети за Газа.
Тој додаде дека овие средства се клучни за задоволување на огромните потребни и за одржување на прекинот на огнот.
Флечер, исто така, извести за големиот број убиени лица, раселувањата и ограничувања на пристапот“ на окупираниот Западен Брег.
„Овие трендови се интензивираа по објавувањето на прекинот на огнот. Израелски доселеници нападнаа палестински села, палеа домови и имоти“, рече тој.
Тој истакна дека Израел го спречил пристапот на Палестинците до основните потреби и додаде дека „низ Западниот Брег се случуваат масовни апсења“.
„Особено загрижувачка е состојбата во Џенин, каде што во израелската воена операција – со воздушни напади, а и заедно со копнени сили – се убиени лица и предизвикано е натамошно уништување на основната инфраструктура и раселување“, истакна тој.
Флечер го повика Советот да „обезбеди почитување на меѓународното право на окупираната палестинска територија, вклучително Газа и Западниот Брег, како и Источен Ерусалим. Цивилите мора да бидат заштитени, а нивните основни потреби мора да бидат задоволени“.